Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Psiphon – Софтвер за избегнување на владината цензура на интернетот
Psiphon – Софтвер за избегнување на владината цензура на интернетот
Psiphon е проект за софтвер за заштита на човековите права развиен во „Граѓанската лабораторија“ (Citizen Lab) во Центарот за меѓународни студии „Мунк“ (Munk Centre for International Studies) којшто им овозможува на граѓаните кои живеат во земји каде што нема цензура преку своите компјутери да им овозможат непречен интернет-пристап на луѓето кои живеат во земјите кои цензурираат содржини.
Софтверот работи преку социјални мрежи. Интернет-корисник кој живее во земја каде што нема цензура може да го преземе софтверот на својот компјутер со што ќе го претвори во точка за пристап. Потоа, корисникот може да ги даде своите податоци, единствена веб-адреса, корисничко име и лозинка, преку кои корисниците во земјите кои цензурираат содржини можат слободно да сурфаат на интернет преку шифрирана конекција на прокси-сервер.