| Дневник: Владата ветува компјутер за секој ученик |
|
|
|
| 13.12.2006 |
|
Компјутер за секое дете е проектот со кој Владата планира да ги поднови основните и средните училишта во наредните две години. Во план е да се набават минимум 150.000 компјутери за основците и за средношколците, со бесплатни обука и интернет, како и стипендии за студентите по информатика Компјутер за секое дете е проектот со кој Владата планира да ги поднови основните и средните училишта во наредните две години. Во план е да се набават минимум 150.000 компјутери за основците и за средношколците, со бесплатни обука и интернет, како и стипендии за студентите по информатика. За тоа се обезбедени 9 милиони евра за во наредната година и уште толку ќе се обезбедат во буџетот за 2008. - Секое дете во училиштата од наредната учебна година пред себе ќе има компјутер. Нивната набавка ќе биде во две фази, на јавно наддавање. - Секој граѓанин ќе може да набави компјутер по цена од сто долари или на 12 рати - рече вицепремиерот Зоран Ставрески на вчерашната промоција на новите проекти за развој на информатичката технологија. Вкупната вредност само на првиот проект се проценува на од 20 до 22 милиона евра. - Во првата половина на наредната година ќе се распише меѓународен конкурс за набавка на половина од компјутерите. Сè' уште не е утврдена конкретната бројка, но се знае дека ни се потребни од 150.000 до 180.000 компјутери. Контактиравме со Канцеларијата на Програмата на ОН за развој. Има проект во светски размери „Компјутер за секое дете“, преку кој една фирма произведува лаптопови по цена од 100 долари. Контактиравме и со производители за да видиме кој може да произведе толку компјутери по поволна цена - вели Ставрески. Со вториот проект од мај идната година сите граѓани ќе може бесплатно да се обучуваат за основните функции на компјутерот во партнерство со приватниот сектор. Во 2007 и во 2008 со третиот проект ќе се обезбеди бесплатен интернет за граѓаните. Со четвртиот проект, планиран за почетокот на идната година, Владата предвидува финансиска поддршка на пет илјади студенти што ќе студираат информатика на некој од факултетите во земјава. Сè уште не е утврдено колкав ќе биде износот што студентите ќе го добијат како поддршка од Владата. Она што е сигурно е дека околу 500 студенти ќе добијат четиригодишна стипендија во вредност од пет илјади денари месечно. Според статистиката, во Македонија има по еден компјутер на 56 деца. - Опремувањето на училиштата ќе оди паралелно во градовите и во руралните области. Во училиштата сега има околу 5.000 компјутери од кинеска донација - вели Јован Лазаров, заменик-министер за образование. Извор: Дневник (11.12.2006) |