Македонски
Open Document Format прифатен за официјален ИСО стандард PDF Печати Е-пошта
14.12.2006
Меѓународната организација за стандардизација (ИСО) го прогласи Open Document Format (ODF) за официјален стандард на 30 ноември 2006 година, откако веќе го одобри како меѓународен стандард во мај годинава. Датотечниот формат ODF, сега е објавен под стандардното име ISO/IEC 26300:2006. ODF е отворен формат за текст, табеларни пресметки, бази на податоци и презентации базиран врз XML
Меѓународната организација за стандардизација (ИСО) го прогласи Open Document Format (ODF) за официјален стандард на 30 ноември 2006 година, откако веќе го одобри како меѓународен стандард во мај годинава. Датотечниот формат ODF, сега е објавен под стандардното име ISO/IEC 26300:2006. ODF е отворен формат за текст, табеларни пресметки, бази на податоци и презентации базиран врз XML.

ODF е поддржан од групите за пристапност како пристапен датотечен формат, а отворениот стандард море да биде јавно рецензиран за да се оцени неговата пристапност во однос на другите комерцијални затворени формати (како што е .doc). Бидејќи ODF е претставен како јавен документ, идејата е секој да може да креира софтвер за него користејќи какви било платформа во секое време за луѓето со хендикеп, без да се грижи за авторски права или пречки за имплементација, а де не ги споменуваме луѓето кои едноставно сакаат да можат да пренесуваат датотеки без да се плашат од несоодветни формати.

Многу земји веќе го прифатија ODF како официјален стандард. Бразил одлучи да го препорача ODF како приоритетен формат, Индија ќе го користи во главната владина агенција, додека Италија го призна ODF како национален стандард.
 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5