Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Open Document Format прифатен за официјален ИСО стандард
Open Document Format прифатен за официјален ИСО стандард Испечати Е-пошта
14.12.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Меѓународната организација за стандардизација (ИСО) го прогласи Open Document Format (ODF) за официјален стандард на 30 ноември 2006 година, откако веќе го одобри како меѓународен стандард во мај годинава. Датотечниот формат ODF, сега е објавен под стандардното име ISO/IEC 26300:2006. ODF е отворен формат за текст, табеларни пресметки, бази на податоци и презентации базиран врз XML.

ODF е поддржан од групите за пристапност како пристапен датотечен формат, а отворениот стандард море да биде јавно рецензиран за да се оцени неговата пристапност во однос на другите комерцијални затворени формати (како што е .doc). Бидејќи ODF е претставен како јавен документ, идејата е секој да може да креира софтвер за него користејќи какви било платформа во секое време за луѓето со хендикеп, без да се грижи за авторски права или пречки за имплементација, а де не ги споменуваме луѓето кои едноставно сакаат да можат да пренесуваат датотеки без да се плашат од несоодветни формати.

Многу земји веќе го прифатија ODF како официјален стандард. Бразил одлучи да го препорача ODF како приоритетен формат, Индија ќе го користи во главната владина агенција, додека Италија го призна ODF како национален стандард.

(3746 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]