Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Реакција на АЕК на обвинувањата од НВО Интернет Македонија
Реакција на АЕК на обвинувањата од НВО Интернет Македонија Испечати Е-пошта
15.12.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Како реакција на обвинувањата од страна на НВО Интернет Македонија, Агенцијата за електронски комуникации на 6.12.2006 година го издаде следното соопштение.

Како реакција на обвинувањата од страна на НВО Интернет Македонија, Агенцијата за електронски комуникации на 6.12.2006 година го издаде следното соопштение:

Агенцијата за електронски комуникации би сакала да го изнесе својот став по повод соопштението на т.н. здружение за подобар интернет чии извадоци беа објавени во неколку весниџи изминативе денови, а се со цел точно и соодветно информирање на јавноста за интернет технологиите и улогата на Агенцијата во тој домен.

Имено, интернет пристапот до крајните корисници во Република Македонија се овозможува на неколку начини и тоа преку:
- ADSL,
- Кабелски пристап,
-  WiFi (безжичен пристап),
- Сателитски, GPRS конекции (преку мобилни телефони)
- Dial-up модемски врски.
Во Македонија има голем број на интернет провајдери што практично покажува дека тој пазар е џелосно либерализиран. Следствено, цените ги определува пазарот (не постои законска можност регулаторот да го прави тоа. ниту пак би требало таков да е случајот). Притоа, логично е очекувањето пониската цена да резултира со понизок квалитет на услугите и обратно.

Инаку, преносливоста на броеви е услуга со која претплатникот има право да го задржи постојниот претплатнички повикувачки број (географски број во фиксната телефонија и негеографски број во мобилната телефонија) и во двата типа на мрежа (фиксна и мобилна) станува збор за јавна телефонска услуга - никако не за пренос на податоци - интернет услуга. Алтернативните оператори и даватели на услуги што се појавија со Законот за електронски комуникации првенствено се ориентирани кон давање на појдовни меѓународни разговори за телефонски претплатници на постојните оператори преку различна технологија (зелен број за VoIP провајдери. избор и предизбор на оператор). Алтернативните оператори се во фаза кога се уште немаат пристап до крајниот корисник и се уште не нудат локални и наџионални разговори што е релевантно за преносливост на број.

Понатаму. во контекст на подзаконските акти кои се однесуваат на либерализацијата на интернет услугите. Агенцијата за електронски комуникации ги има донесено сите подзаконски акти кои на било каков начин се однесуваат на интернет услугите. Најважниот од нив кој се однесува на разврзаниот пристап на локалната јамка. МАТЕРУО, беше донесен во месец април 2006. Со овој акт се овозможува под точно определени услови и џени, алтернативен оператор да ја користи истата парица на корисникот која во своја сопственост ја има Македонски телекомуникации. со цел новиот оператор да дава xDSL интернет пристап или и телефонија и хОЅ1_ интернет пристап (на пр. ADSL. Притоа, беше искористена методата на бенчмаркинг (benchmarking) за цените во РИО, со што се постигнаа пониски цени за делење на парицата од повеќето земји во регионот (џелосно - за телефонија и хОЅ1 преку алтернативени оператор или парцијално - само xDSL за алтернативниот оператор).

Во контекст на приговорите на ADSL корисниџите кои се однесуваат на пенали поради раскинување на договорите со Македонски Телекомуникации. на заеднички состанок помеѓу АЕК и Здружението на ADSL корисниците беа презентирани записници од извршен инспекџиски надзор и објаснети сите детали, и истите беа прифатени од двете страни.

Конечно, поврзувањето на РИО (референтната понуда за интерконекција) која се однесува исклучиво на фиксната и мобилна телефонија со Интернет услугите, како што беше наведено во соопштението од здружението. е крајно несоодветно. Поради нестручноста на луѓето од здружението и непознавањето на начинот на функционирање на интернет технологиите, како и на соодветната регулативата за нив. Агенцијата за електронски комуникации останува отворена за понатамошна соработка заради разјаснување на посочените поашања.

(Крај на соопштението) 


(3978 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]