Македонски
Доделени наградите за најдобар училишен веб-сајт PDF Печати Е-пошта
21.12.2006
На 13.12.2006 година, во Хотелот Александар Палас во Скопје, беа доделени награди за најдобар училишен веб-сајт преку проектот Македонија се поврзува.

На 13.12.2006 година, во Хотелот Александар Палас во Скопје, беа доделени награди за најдобар училишен веб-сајт преку проектот Македонија се поврзува. На настанот присуствуваа Американската Aмбасадорка во Р.Македонија, Џилијан Миловановиќ, Министерот за образование Сулејман Рушити и Директорот на проектот на УСАИД, Љупчо Тагасовски.

Во својот говор Министерот Сулејман Рушити изрази благодарност до народот на Соединетите Американски Држави и УСАИД и истакна :

- Наша следна заедничка цел е целосна интеграција на информатичката технологија во сите сегменти на образовниот процес, настава, учење и инструкција. Нашата енергија ќе ја посветиме на креирање на наставни планови и програми коишто ефективно ќе го вклучат електронското учење, едукативниот софтвер и виртуелните библиотеки. 

Исто така Министерот Сулејман Рушити истакна дека следната образовна револуција ќе биде преку интеграција на информатичката технологија во образованието. Во моментов Владата на Р. Македонија се заложува за реализација на четири нови проекти за развој на информатичкото општество: компјутер за секое дете во училиштата од наредната 2007/2008 година, бесплатна обука на учениците и на граѓаните за основните компјутерски функции, бесплатен интернет и финансиска поддршка за пет илјади студенти по информатика на нашите факултети.

Први награди добија: средното училиште Марија Кири од Скопје и основното училиште Кирил и Методиј од Скопје и истите беа наградени со компјутерска опрема по свој избор од по 1000 американски долари.

Бидејќи во најголема мера за оценуваните параметри не постои егзактна емпириска формула, а со цел да се намали субјективното влијание, оценувањето го изврши петчлена Изборна комисија во која партиципираа следните организации:

        • Министерство за Образование и Наука
        • УСАИД (Американска агенција за меѓународен развој)
        • МАСИТ (Македонска асоцијација на ИТ компании)
        • Проектот „Македонија се поврзува“
        • Фондација „Метаморфозис“
 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5