Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
Објавен водич со најдобри пракси за имплементирање на директивата за авторски права на ЕУ Испечати Е-пошта
10.01.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Мрежа на експерти од областа на европското граѓанско општество, меѓу кои и неколку членки на ЕДРИ, во декември 2006 година го објавија Водичот со најдобри пракси за имплементирање на директивата за авторски права на ЕУ.

Водичот е наменет за регулаторите и повикува на урамнотежена рамка за авторски права во земјите кои се надеваат да станат членки на Европската унија во следната деценија. Водичот покажува како овие земји можат да ги доведат до највисоко ново креативноста, пристапот до знаење, но исто така и нивното политичко и културно учество во рамките на европското законодавство за авторски права.

Викито на проектот содржи подетални анализи на законодавствата на постојните земји-членки на ЕУ и ќе служи како ресурс за граѓанскиот сектор, односно застапниците на реформата на законодавството што ги регулира авторските права во Европа и во светот.

Водичот е финансиски поддржан од Институтот отворено општество и може бесплатно да се преземе од интернет.

Иан Браун – Група за отворени права, Велика Британија, членка на ЕДРИ

(4619 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]