Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВестиЕДРИ Објавен водич со најдобри пракси за имплементирање на директивата за авторски права на ЕУ
Објавен водич со најдобри пракси за имплементирање на директивата за авторски права на ЕУ
Водичот е наменет за регулаторите и повикува на урамнотежена рамка за авторски права во земјите кои се надеваат да станат членки на Европската унија во следната деценија. Водичот покажува како овие земји можат да ги доведат до највисоко ново креативноста, пристапот до знаење, но исто така и нивното политичко и културно учество во рамките на европското законодавство за авторски права.
Викито на проектот содржи подетални анализи на законодавствата на постојните земји-членки на ЕУ и ќе служи како ресурс за граѓанскиот сектор, односно застапниците на реформата на законодавството што ги регулира авторските права во Европа и во светот.
Водичот е финансиски поддржан од Институтот отворено општество и може бесплатно да се преземе од интернет.
Иан Браун – Група за отворени права, Велика Британија, членка на ЕДРИ