Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Со новата препорака на ЕУ се предлага право на одговор на онлајн-медиумите
Со новата препорака на ЕУ се предлага право на одговор на онлајн-медиумите Испечати Е-пошта
11.01.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На 12 декември 2006 година, Европскиот парламент усвои препорака за заштита на малолетните лица и човековото достоинство, како и право на одговор со цел да се постигне конкурентност на европските аудио-визуелни и онлајн сервиси за информации.
 
И во претходните години се водеа жестоки дебати за правото на одговор на онлајн-медиумите, вклучувајќи ја тука и оспоруваната препорака на Советот на Европа од 2004 година за правото на одговор во новите медиуми. Регулативата не беше применета во пракса во земјите-членки, но голем број групи за човекови права ја искажаа својата загриженост од нејзините ефекти врз слободата на изразувањето.

Во новиот документ предложен од Советот повторно се вели дека: „Правото на одговор или соодветен инструмент пожелно е да се применува кај онлајн-медиумите и притоа да се земат предвид специфичните карактеристики на медиумот и услугата.“

Препораката што ја усвои Европскиот парламент сега е уште понејасна од првичниот текст којшто се разгледуваше во 2005 години и во кој стоеше дека земјите-членки треба да земат предвид „воведување мерки во своите законски системи за право на одговор или соодветен инструмент кај онлајн-медиумите во согласност со нивните домашни законски и уставни одредби и без предрасуди за можноста за адаптирање начини на негово спроведување да ги земе предвид специфичностите на секој тип медиум.“ Нема никаков дефиниција за тоа што се смета за „онлајн-медиуми“  или како може да практично да се имплементира оваа препорака. 

Исто така, правото на одговор во новите медиуми е вклучено и во новата Директива за аудио-визуелни медиумски услуги којашто неодамна беше усвоена од Парламентот, но сега текстот се однесува само на телевизиски и слични услуги на интернет.

Комисијата го искажа и својот интерес за две други активности  за безбедноста на интернетот што веќе беа разгледувани на претходните седници на Европскиот парламент. Првата се однесува на можноста за воведување европска бесплатна телефонска линија или проширување на некоја постоечка услуга за да им се помогне на интернет-корисниците упатувајќи кон достапните механизми за поплаки и ресурси со информации, како и информации за родителите за ефикасноста на софтверите за филтрирање. Втората иницијатива е поврзана со можноста од поддршка на воведување на генеричко име на домен од второ ниво за мониторирани сајтови што се обврзале да ги почитуваат малолетните лица и нивните права, како што е .KID.eu.

ЕП вели: Нека децата бидат безбедни на интернет (12.12.2006)

Резолуција од Европскиот парламент до Советот за заедничка позиција за усвојување препорака за заштита на малолетните лица и човековото достоинство, како и право на одговор со цел да се постигне конкурентност на европските аудио-визуелни и онлајн сервиси за информации (12.12.2006)

Заедничката позиција усвоена од Советот – Препорака за заштита на малолетните лица и човековото достоинство, како и право на одговор со цел да се постигне конкурентност на европските аудио-визуелни и онлајн сервиси за информации (18.09.2006)

ЕДРИ-грам: Советот на Европа инсистира на правото на одговор (29.12.2004)

ЕДРИ-грам: Извештај од Европскиот парламент: поголема одговорност за интернет-провајдерите (6.04.2005)

(4572 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]