Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Насилни видео-игри – жешка тема на европската агенда
Насилни видео-игри – жешка тема на европската агенда Испечати Е-пошта
12.01.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Откако комесарот Фратини во Италија забележа една насилна видео-игра, на оваа нова тема започнаа жестоки дебати во телата на Европската унија и во земјите-членки. Иако веќе неколку години постојат мерки за саморегулација на оваа област, италијанскиот комесар Фратини форсира нов пристап.

Како што веќе беше пишувано во ЕДРИ-грам, дебатата околу насилните видео-игри започна во Италија каде што министерот за правда, г. Клементе Мастела, препорача да се креира „тело“ коешто ќе „решава за прифатливи стандарди поврзани со модалитетите на продажба“ на видео-игри, откако на пазарот ) се појави играта „Владеењето на розата“ (Rule of Rose. Италијанскиот комесар за правда, слобода и безбедност, Франко Фратини ја прошири дебатата на ниво на ЕУ со испраќање на писмо на оваа тема до сите министри за внатрешни работи, во кои бара од нив да направат нешто во врска со „ужасната“ глорификација на насилството и „непристојни...брутални и перверзни“ игри дистрибуирани до европските деца.

Првиот одговор стигна многу брзо од комесарот за информатичко општество, Вивиен Рединг, која жестоко го критикуваше својот колега:
- Тажно е што моите служби не се консултирани пред да го испратите писмото до министрите за внатрешни работи.
Комесарката, исто така, потсети дека европскиот систем за саморегулирање ПЕГИ (Пан-европски информации за игри) - е на сила од 2003 година и има силна поддршка од Рединг. Таа нагласи дека системот е многу сличен на оној што се користи кај филмовите и е најдобро решение за да се избегне цензурирањето на содржината.
-Ова е во согласност со ставовите на Европската комисија дека преземените мерки за заштита на малолетниците и човековото достоинство мора да бидат внимателно хармонизирани со основното право на слобода на изразување како што е напишано во Повелбата на основните човекови права на Европската унија.

Уште еден одговор дојде од министерот за внатрешни работи на Велика Британија, Џон Рид, кој, исто така, го предложи системот ПЕГИ како прифатливо решение ако соодветно се спроведува. Тој додаде дека трговците на мало во Велика Британија можат да се соочат со затворска казна ако продаваат насилни игри на малолетни лица.

Италија не е единствената земја каде што видео-игрите се жешка тема. Во западниот дел на Германија 18-годишен љубител на играта Кантер страјк (Counter Strike) рани неколку ученици во училиште во Емсдетен пред да се убие. Политичарите во Баварија и Долна Саксонија веднаш реагираа преку изготвување нацрт-верзија на нов закон со којшто се предвидени парични, па дури и затворски казни, за производителите на видео-игри кои ќе направат игри коишто содржат „сурово насилство врз луѓе и карактери кои личат на луѓе“.

Фратини продолжи со своите критички забелешки на постоечкиот систем во декларацијата во Европскиот парламент и повика за мултидисциплинарен приод кон проблемот. Тој смета дека треба да се поттикнат три компоненти: рангирање на филмови и игри, медиумска писменост и технички решенија. Исто така, Фратини најави дека во пролетта 2007 година ќе презентира нова декларација за компјутерски криминал пред Европскиот парламент.

Јасно е дека моментално европскиот систем е на испит и дека како можен значаен проблем се смета соодветноста со волонтерскиот систем за рангирање. Токму затоа ЕУ планира конференција за насилни видео-игри во 2007 година, на којашто чинителите ќе можат да дискутираат и евентуално да се согласат за следните чекори. Темата ќе биде актуелна и на дневниот ред на состанокот на европските министри за правда во јануари 2007 година, на којшто може да се иницира легислативна акција.

ЕУ можеби ќе го регулира развојот и продажбата на насилни видео-игри (15.12.2006)

Велика Британија ќе ја води ЕУ против насилните видео-игри (8.12.2006)

Евро-комесарите разменуваат удари во борбата околу видео-игрите (24.11.2006)

Германски играчи на видео-игри се соочуваат со затворски казни за виртуелно насилство (12.12.2006)

Франко Фратини – европски комесар за правда, слободи и безбедност: „Декларација за насилни игри“ (само на француски, 13.12.2006)

ЕДРИ-грам: Италијанскиот министер за правда предлага тело за насилни видео-игри (22.10.2006)

(4246 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]