|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Бесплатен пристап до интернет-бази на информации
|
|
|
|
Бесплатен пристап до интернет-бази на информации |
|
|
|
16.01.2007. |
На 17 јануари 2007 со почеток во 12 часот во НУБ “Св. Климент Охридски“ во Скопје, во рамките на проектот “Креативна настава и учење“ на Американската агенција за меѓународен развој, УСАИД, ќе се одржи презентација на можноста за бесплатен пристап до широк и обемен избор на интернет-бази на информации. Пристапот до овој богат извор на интернет-академски изданија, журнали и истражувачки трудови е овозможен преку годишна претплата со времетраење до октомври 2008, што ја финансираше УСАИД, во рамките на активностите на проектот “Креативна настава и учење“, имплементиран од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).
Бесплатен пристап до интернет-базите на информации ќе имаат сите образовни институции во Република Македонија - основните и средните училишта, факултетите, библиотеките, како и студентските и ученичките домови.
Презентацијата ќе биде проследена со куса работилница за начинот на влез и употреба на системот, со која ќе раководат Миодраг Дадасовиќ - координатор на Конзорциумот на македонските е-библиотеки и Драган Николиќ, претставник на Информативниот сервис ЕБСКО (една од расположливите бази на информации).
На присутните ќе им се обратат Лела Јаковлевска-Јошевска, експерт за образование во УСАИД, како и директорката на програмата за образование во ФИООМ, Споменка Лазаревска.
(3903 hits/посети) |
|