|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Активности Обука за користење на канцеларискиот пакет Опен Офис.орг за единиците на локалната самоуправа
|
|
|
|
Обука за користење на канцеларискиот пакет Опен Офис.орг за единиците на локалната самоуправа |
|
|
|
17.01.2007. |
|
Од 15 до 20 јануари 2007 година во хотелот „Ривиера“ во Охрид во организација на Фондацијата Метаморфозис започна обука за користење на канцеларискиот пакет Опен Офис.орг . Обуката е наменета за единиците на локалната самоуправа во Република Македонија и во текот на шест дена ќе бидат обучени околу 100 службеници од 25 македонски општини.
На обуката ќе бидат претставени апликациите од канцеларискиот пакет Опен Офис.орг и слушателите ќе се запознаат со основните функции на овие апликации. Секој слушател ќе добие упатство за користење на Опен Офис.орг , како и ЦД „Заврши си работа!“ . Покрај подигањето на капацитетот на единиците на локалната самоуправа за користење на информатички и комуникациски технологии во секојдневните работни обврски, обуката има за цел и да ја намали стапката на користење на пиратски софтвер во Македонија преку промовирање на користење на слободен софтвер.
Обуката е организирана во рамките на проектот за имплементација на е-локално владеење во Македонија којшто Фондацијата Метаморфозис го спроведува во партнерство со Проектот за успешна децентрализација на Агенцијата за меѓународен развој на САД.
(4943 hits/посети) |
|