|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Презентација на „Електронски информации за библиотеки“ на Тетовскиот Универзитет
|
|
|
|
Презентација на „Електронски информации за библиотеки“ на Тетовскиот Универзитет |
|
|
|
17.01.2007. |
|
На 11 јануари 2007 година во амфитеатарот на Тетовскиот Универзитет се одржа презентација за Електронски информации за библиотеки (eIFL). Презентацијата ја водеше Јорданка Петрушевска од Фондацијата Метаморфозис.
Присутните се запознаа со можностите и придобивките од пребарувањето низ базите на научни трудови EBSCO, начинот на добивање на пристап до овие бази, како и станување член на македонскиот национален конзорциум МЕБ (Македонски Електронски Библиотеки).
Пристапот до базите на EBSCO е овозможен за сите градски, национални, универзитетски библиотеки, институции кои се занимаваат со истражувачка работа како и НВОи кои нудат јавно достапни содржини. Од оваа 2007 година, освен пристап до базите на EBSCO, овозможен е пристап и до базите на Cambridge University Press (CUP), Oxford University Press (OUP) и SAGE.
(3093 hits/посети) |
|