| Обука за користење на канцеларискиот пакет Опен Офис.орг за единиците на локалната самоуправа |
|
|
|
| Вести - Стари написи |
| 17.01.2007 |
|
Од 15 до 20 јануари 2007 година во хотелот „Ривиера“ во Охрид во организација на Фондацијата Метаморфозис започна обука за користење на канцеларискиот пакет Опен Офис.орг. Обуката е наменета за единиците на локалната самоуправа во Република Македонија и во текот на шест дена ќе бидат обучени околу 100 службеници од 25 македонски општини
Обуката е организирана во рамките на проектот за имплементација на е-локално владеење во Македонија којшто Фондацијата Метаморфозис го спроведува во партнерство со Проектот за успешна децентрализација на Агенцијата за меѓународен развој на САД. |