Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Дирекцијата за заштита на личните податоци најавува Ден на отворени врати на 29 јануари
Дирекцијата за заштита на личните податоци најавува Ден на отворени врати на 29 јануари Испечати Е-пошта
19.01.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На 29 јануари 2007 година (бидејќи 28 јануари е неработен ден), Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе организира „Ден на отворени врати“ кога сите заинтересирани граѓани ќе можат да ја посетат и непосредно да се информираат. Заштитата на личните податоци е дел од правото на приватност, кое е едно од основните човекови права и слободи. Заштитата на приватноста е гарантирана со Европската конвенција за човекови права.

На 28 јануари 1981 година беше отворена за потпис Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматската обработка на личните податоци (ЕТС 108/81), а 25 години подоцна, во 2006 година овој датум беше симболично одбран за Ден на заштитата на личните податоци.

Република Македонија, како демократска држава, членка на Советот на Европа и земја кандидат за членство во Европската унија, заедно со уште многу други европски земји, оваа година за прв пат го прославува Европскиот ден за заштита на личните податоци. На овој ден се организираат настани насекаде низ Европа, со цел подигнување на јавната свест за заштита на личните податоци, информирање на граѓаните за нивните права со што би им се овозможило остварување на истите на поефективен начин.

Манифестацијата „Ден на отворени врати“ ќе се одвива од 10 до 16 часот. Дирекцијата се наоѓа на ул. „Самоилова“ бр. 10, наспроти Тврдината Кале.

(3716 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]