|
Флеш -
Флеш
|
|
25.01.2007 |
|
Излезе од печат третиот број на Водичот за ИКТ на Метаморфозис. Овој број е посветен на приватноста како едно од основните човекови права.
„На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот - Член 25, Устав на Република Македонија“ Третиот Водич за ИКТ на Метаморфозис е подготвен во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ по повод Денот на заштитата на личните податоци, 28 јануари. Наменет е за сите кои сакаат да стекнат основа за едно од основните човекови права - приватноста, врз основа на кое на граѓаните имаат контрола врз протокот на информации за нив лично или нивните семејства.
Преземете го Водичот
|