Македонски
Резервирање и плаќање авиобилети преку интернет PDF Печати Е-пошта
26.01.2007
Со почетокот на летниот ред на летање - 23 март, домашната авиокомпанија МАТ воведува нов систем на резервација и плаќање на авиобилети преку новиот веб-сајт www.mat.com.mk Со почетокот на летниот ред на летање - 23 март, домашната авиокомпанија МАТ воведува нов систем на резервација и плаќање на авиобилети преку новиот веб-сајт www.mat.com.mk. За воведување на оваа новина, МАТ набави најсовремена технологија од компанијата SITA која нуди резервациски систем и комуникации на авикомпаниите.

- Плаќањето на билетите ќе може да се врши со кеш или со кредитни картички. Засега имаме проблем со македонските кредитни картички, но очекуваме овој проблем да го решиме до почетокот на профункционирањето на новиот систем на e-ticketing и online ticketing. Со купувањето билети преку интернет, услугите на МАТ за секој иден корисник не само што ќе бидат поедноставни, туку ќе се намалат трошоците на компанијата. Поради тоа, ќе можеме да нудиме поповолни цени на авиобилетите од оние редовните, кои во зависност од тарифите, ќе бидат поевтини од 5 до 15 проценти - вели комерцијалниот директор на МАТ, Николас Кимерле.

Ваквиот начин на работење ќе овозможи отворање на нови дестинации. Од први февруари МАТ ќе започне со три летови неделно од Скопје кон Истанбул, а со летниот ред на летање со четири неделни фреквенции. Од први мај МАТ ќе лета од Охридскиот аеродром преку Скопје кон Париз.

- Минатиот месец потпишавме договор со англиската компанија "Семар груп" за туристички чартер летови од Охрид за Амстердам и Лондон што ќе почнат со реализација од први мај - нагласува Кимерле.

Од МАТ информираат дека преговорите со Владата за директна авиоврска на Скопје со Брисел засега е статус кво.

- Понудата ја доставивме до Владата и чекаме одговор. За да ни биде профитабилна оваа линија потребно е да имаме барем 60-тина патници на секој лет. МАТ и сега нуди авиоврска со Брисел преку Виена и Цирих со 16 неделни конекции - велат од МАТ.

С.Бл.
Извор: Вечер
 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5