Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow „Он.нет“ нов фиксен оператор
„Он.нет“ нов фиксен оператор Испечати Е-пошта
31.01.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Интернет-провајдерот „Он.нет“ почна да нуди фиксна телефонија. Менаџментот на компанијата најави дека на почеток ќе понудат разговори во националниот и меѓународниот сообраќај и кон мобилните мрежи. За разговори во локалниот сообраќај ќе почекаат „Македонски телекомуникации“ да ги намали цените за интерконекција, како што му наложи Агенцијата за електронски комуникации. Главниот извршен директор Предраг Чемерикиќ објасни дека цените на „Он.нет“ за локални разговори, според сегашните интерконекциски цени, би биле за 50 отсто поскапи од оние што ги нуди Телеком.

- Една минута разговор во локалниот сообраќај кај нас би чинела 1,5 денари, а Телеком ја продава на корисниците за 1 денар. Но затоа, пак, нашите цени на меѓуградските разговори ќе имаат големи попусти - вели Чемерикиќ.
Чемерикиќ најави дека цените ќе ги објават откако „Македонски телекомуникации“ и официјално ќе ги објави новите пониски цени за интерконекција, по што „Он.нет“ ќе почне да склучува комерцијални договори со граѓани и со фирми.
Чемерикиќ не ја исклучи можноста „Он.нет“ до крајот на годинава да дава услуги и во мобилната телефонија, но не преку градење сопствена мрежа туку преку нејзино најмување од друг оператор.

Т.Ј.
Извор: Вест

(3951 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]