Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow „Мобилком Австрија“ – единствен понудувач за трет мобилен оператор во Македонија
„Мобилком Австрија“ – единствен понудувач за трет мобилен оператор во Македонија Испечати Е-пошта
2.02.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
„Мобилком Австрија“ е единствената компанија која достави понуда на тендерот за трет мобилен во Македонија, објавија официјални претставници на „Агенцијата за електронски комуникации“ по отворањето на тендерската документација на 31 јануари 2007 година. Лилјана Денковска, претседателка на Комисијата за спроведување на тендерот информираше дека до 25 јануари 2007 година, крајниот рок за доставување понуди, била поднесена само една пријава и дека бараната документација била комплетна. Понудата беше отворена во присуство на Комисијата и претставници на понудувачот во согласност со Законот за електронски комуникации и тендерската документација.

По разгледувањето на понудата Комисијата ќе подготви извештај за период од пет дена кој ќе го достави до Агенцијата за електронски комуникации. Одлуката дали Мобилком Австрија ќе биде третиот мобилен оператор во Македонија ќе биде објавена до 12 февруари 2007 година.

Тендерот за трет мобилен оператор беше објавен на 30 октомври 2006 година од „Агенцијата за електронски комуникации“ и на него може да се пријават домашни и странски компании со најмалку 2 милиони регистрирани претплатници и годишен промет од 300 милиони евра во 2004/2005 година.

Ниската цена за понудените услуги кон корисниците ќе биде основен критериум за избор на најдобриот понудувач. Победникот ќе биде обврзан да започне со работа во Македонија во рок од шест месеци по добивањето на лиценцата за радио-фреквенција.

Извор: МРТ

(4158 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]