Македонски
„Мобилком Австрија“ стана трет мобилен оператор во Македонија PDF Печати Е-пошта
05.02.2007
„Мобилком Австрија“ стана трет мобилен оператор во Македонија откако беше избран од Комисијата при „Агенцијата за електронски комуникации“ на 4 февруари 2007 година „Мобилком Австрија“ стана трет мобилен оператор во Македонија откако беше избран од Комисијата при „Агенцијата за електронски комуникации“ на 4 февруари 2007 година. „Мобилком Австрија“ ги исполнувал сите критериуми пропишани во тендерот. Македонскиот премиер, Никола Груевски, најави дека со влегувањето на трет мобилен оператор, шест месеци по добивањето на лиценцата, цените на стандардните услуги ќе бидат пониски за 50 до 67 проценти.

Со околу 3,63 милиони корисници и пазарен дел од 38,8 проценти, Мобилком е водечки мобилен оператор во Австрија. Исто така, компанија е присутна во Словенија, Хрватска, Бугарија, Лихтенштајн, Србија и доставила понуда за влез на косовскиот пазар.

Од јануари 2003 година групацијата „Мобилком Австрија“ е дел од партнерската мрежа на Водафон.
 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5