Македонски
Ден за побезбеден интернет 2007 – 6 февруари 2007 година PDF Печати Е-пошта
07.02.2007
На 6 февруари 2007 година во 31 држава низ целиот свет беа организирани манифестации посветени на Денот за побезбеден интернет 2007
На 6 февруари 2007 година во 31 држава низ целиот свет беа организирани манифестации посветени на Денот за побезбеден интернет 2007. Организатор на манифестациите беше Европската училишна мрежа (European Schoolnet), координатор на Инсејф (Insafe), европската мрежа за побезбеден интернет. Како и во претходните две години, покровител на Денот за побезбеден интернет беше Вивиен Редин, европскиот комесар за информатичко општество и медиуми.

Главниот настан за Денот за побезбеден интернет 2007 беше блогатонот на посветен на тема „Надминување на границите“. Целта на блогатонот е да ги покаже материјалите на голем број јазици кои ги подготвија стотици училишта од целиот свет за ризиците и придобивките од користењето на интернетот. Во претходните неколку месеци училиштата соработуваа за да подготват информации за безбедноста на интернет за слики, е-приватност и начин на комуникација на интернет.

Како дел од настаните за одбележување на денот, 20 од водечките европски мобилни оператори, вклучувајќи ги тука Водафон, Оринџ, Телеком Италија и Дојче Телеком, потпишаа договор со цел да понудат поголема заштита на младите луѓе кои користат мобилни телефони.
 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5