| Работилница за анкета за потребите од ИТ обуки на државните службеници |
|
|
|
| 09.02.2007 |
|
Целта на анкетата е да се утврдат потребите за ИТ обуки на 8.000 државни службеници Тимот на проектот Процена на потенцијалот за добро владеење на Македонија во Клубот на пратениците на ден 26.01.2007 организираше еднодневна работилница за начинот на спроведување Анкета за потребите од ИТ обуки на државните службеници, што претставува активност од потпишаниот Договор за соработка меѓу ФИООМ и Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија. Целта на анкетата е да се утврдат потребите за ИТ обуки на 8.000 државни службеници. Анализата на потребите ќе биде ориентација на Генералниот секретаријат и на Агенцијата за државни службеници во утврдување на приоритетите за ИКТ обука, дизајнирање на модули, планирање на термини за обука, како и насочување и усогласување на средствата од странската помош. На работилницата присуствуваа лица за контакт од 10 министерства и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот завод за геодетски работи, Државниот архив на Македонија, Службата за општи и заеднички работи при Владата на РМ и Секретаријатот за законодавство. Резултатите од спроведената анкета како и препораки за понатамошно креирање на политики во правец на јакнење на ИТ капацитетите на државните службеници ќе се достават до Генералниот секретаријат и сите државни институции кои учествувале во анкетата. |