| ФИООМ - проект „Креативна настава и учење“: Бесплатен пристап до интернет-бази на информации |
|
|
|
| 25.01.2007 |
|
Покрај EBSCO, на македонските образовни институции им се достапни и базите SAGE и IOP, а наскоро се очекува можноста за пристап кон Oxford University Press (ОUP) и Cambridge University Press (CUP) На 17 јануари 2007, во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, се одржа презентација на можноста за бесплатен пристап до широк и обемен избор на интернет - бази на информации. Пристапот до овој богат избор на интернет-академски изданија, журнали и истражувачки трудови е овозможен преку годишна претплата со времетраење до октомври 2008, што ја финансираше УСАИД, во рамките на активностите на проектот „Креативна настава и учење“, имплементиран од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ). Бесплатен пристап до интернет-базите на информации ќе имаат сите образовни институции во РМ - основните и средните училишта, факултетите, библиотеките, како и студентските и ученичките домови. Презентацијата беше проследена со куса работилница за начинот на влез и употреба на системот, со која раководеа Миодраг Дадасовиќ - координатор на Конзорциумот на македонските е-библиотеки и Драган Николиќ, претставник на Информативниот сервис EBSCO (една од расположливите бази на информации). Покрај EBSCO, на македонските образовни институции им се достапни и базите SAGE и IOP, а наскоро се очекува можноста за пристап кон Oxford University Press (ОUP) и Cambridge University Press (CUP). |