E-Newsletter

Subscribe to receive our e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Metamorphosis is an independent, nonpartisan and nonprofit foundation based in Skopje, Macedonia. Its main goals are development of democracy and prosperity by promoting knowledge-based economy and information society.
Home arrow News arrow Open Competition for Establishing Digital Clubhouses (e-Points) with 6 Computers Each
Open Competition for Establishing Digital Clubhouses (e-Points) with 6 Computers Each Print E-mail
12.02.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Within the Digital Clubhouses Foundation Metamorphosis announces:
Open competition for establishing digital clubhouses (e-Points) with 6 computers each

Опис и цели на проектот

Во согласност со залагањата на Фондацијата Метаморфозис за премостување на „дигиталниот јаз“ и обезбедување на побрз социјален развој преку примена на информациските и комуникациските технологии (ИКТ), на крајот на 2004 година со поддршка на Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија (ФИООМ) започна да се реализира проектот Дигитални клубови.

Оваа година, во рамките на проектот, Фондација Метаморфозис ќе поддржи формирање на нови Дигитални клубови – е-точки.

Дигиталните клубови (е-точките) се места кои нудат голем број активности и услуги кои вклучуваат пристап до ИКТ од страна на жителите во заедницата со цел поддршка на нивниот социјален и економски развој. Нивната мисија е обезбедување на едукација и пристап до електронски сервиси (веб, е –пошта и др.) како и промовирање идеи за позитивно ширење на информациските технологии меѓу луѓето без разлика на нивната возраст и потекло.

За да ја исполнат својата мисија, клубовите (е-точките) треба да работат на:

  • Поттикнување на ИКТ писменост преку иновативни програми и проекти (обуки и сл.);
  • Промовирање на идејата за е-инклузивност односно еднакво право на пристап до ИКТ за сите, како и подигање на свеста за важноста од вклучување во дигиталната ера;
  • Обезбедување на собиралишта за поттикнување на развојот на работните вештини;
  • Обезбедување на пристап до онлајн информации и ресурси, и
  • Воспоставување соработка со локалната власт со цел доближување на услугите кои ги нуди општината до граѓаните. (Дигиталните клубови треба да бидат и е-точки кои ќе соработуваат со локалната власт и ќе им овозможат на граѓаните пристап до и користење на услугите на општината во самата е-точка)

Право на пријавување
Правни лица регистрирани во Република Македонија (невладини организации и фирми регистрирани во РМ).

Постапка за конкурирање
За овој конкурс нема стандарден образец за пријавување. Организациите што ќе аплицираат треба да го достават следново:

  • Проектен документ кој треба да ги вклучи следните информации:
          • Резиме на проектот
          • Краток опис на организацијата (име, адреса, вид, копија од регистрација)
          • Лице/а одговорно за водењето на организацијата (директор, одбор заедно со CV-a)
          • Лице/а одговорно за раководење со проектот и кус опис на нивната надлежност и искуство (заедно со CV-a)
          • Фази на реализација
          • Програма на активности (детален распоред)
          • Програма на планирани обуки
          • Склучен преддоговор со лице/а кои ќе ги спроведуваат обуките заедно со нивно CV
          • Склучен преддоговор со лице/а кои ќе работат во дигиталниот клуб (е-точка)
          • Односи со јавноста (кој и како)
          • Очекувани резултати
          • Евалуација (кој и како)
          • Детален буџет во денари (сопствен придонес, други извори)
          • Писмо/а за подршка или соработка помеѓу организации и институции (со други НВО или локални организации)
          • Писмо за поддршка и/или соработка со локалната власт

Општи критериуми за избор
Вреднувањето и изборот на проектите ќе се врши според следните критериуми:

 

  • Соодветност на активностите на проектот со целите на проектот
  • Капацитет на персоналот кој ќе го спроведува проектот
  • Услови на просториите во кои ќе бидат сместени дигиталните клубови – е-точки (инфраструктура, близина на училишта, библиотеки, невладини организации, обезбеденост на просторијата)
  • Големина на целните групи опфатени со проектот
  • Предложени активности на дигиталниот клуб
  • Постоење согласност од локалната власт за поддршка на реализацијата на проектот. 
  • Предност при исти услови ќе имаат општините во кои нема јавни точки за интернет пристап.

Дигиталните клубови ќе треба да ги исполнат следните пропишани стандарди за е-точки:

  • Соодветно осветлена просториjа
  • Чиста просториjа (хигиеничар коj ке jа одржува просториjата минимум два пати неделно)
  • Да има корпа за отпадоци
  • Локациjата да биде на лесно достапно место
  • Соодветно обележување
    * да има патоказ (оддалечен минимум 50 метри од просториjата)
    * да има истакнато натпис "Дигитален клуб..." (минимум метар на 50 сантиметри)
    * да има натписи внатре во самите простори
  • Да има истакнато ценовник
  • Да има санитарен jазол
  • Брзина на интернет пристап минимум 64 kbps
  • Минимум четири компjутери поврзани во мрежа
  • Еден печатач
  • Еден скенер
  • Интернет пристап на сите компjутери
  • Еден jавно обjавен телефонски броj
  • Лиценциран софтвер
  • Времето што корисникот го користи за пристап до е-услугите на jавната администрациjа да не се наплатува 
  • Минимум едно лице присутно во просториите на 10 компjутери
  • Вработените да бидат обучени да им помагаат на корисниците во користенье на услугите

НАПОМЕНА:
Дел од активностите што ќе ги нудат дигиталните клубови (е-точки) можат да бидат комерцијални, но не смеат да надминат 30% од вкупните услуги и активности на центарот.

За натамошни информации:
Метаморфозис, тел. (02) 3109 325, This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it
Лице за контакт: Ана Трповска

Краен датум за пријавување: 5 март 2007, 17: 00 часот

 


(4295 hits/посети)
 
< Prev   Next >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]