|
Фондација Метаморфозис во рамките на проектот Дигитални клубови објавува: Отворање на дигитални клубови (е-точки) со најмногу по 6 компјутери
Опис и цели на проектот
Во согласност со залагањата на Фондацијата Метаморфозис за премостување на „дигиталниот јаз“ и обезбедување на побрз социјален развој преку примена на информациските и комуникациските технологии (ИКТ), на крајот на 2004 година со поддршка на Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија (ФИООМ) започна да се реализира проектот Дигитални клубови.
Оваа година, во рамките на проектот, Фондација Метаморфозис ќе поддржи формирање на нови Дигитални клубови – е-точки.
Дигиталните клубови (е-точките) се места кои нудат голем број активности и услуги кои вклучуваат пристап до ИКТ од страна на жителите во заедницата со цел поддршка на нивниот социјален и економски развој. Нивната мисија е обезбедување на едукација и пристап до електронски сервиси (веб, е –пошта и др.) како и промовирање идеи за позитивно ширење на информациските технологии меѓу луѓето без разлика на нивната возраст и потекло.
За да ја исполнат својата мисија, клубовите (е-точките) треба да работат на:
- Поттикнување на ИКТ писменост преку иновативни програми и проекти (обуки и сл.);
- Промовирање на идејата за е-инклузивност односно еднакво право на пристап до ИКТ за сите, како и подигање на свеста за важноста од вклучување во дигиталната ера;
- Обезбедување на собиралишта за поттикнување на развојот на работните вештини;
- Обезбедување на пристап до онлајн информации и ресурси, и
- Воспоставување соработка со локалната власт со цел доближување на услугите кои ги нуди општината до граѓаните. (Дигиталните клубови треба да бидат и е-точки кои ќе соработуваат со локалната власт и ќе им овозможат на граѓаните пристап до и користење на услугите на општината во самата е-точка)
Право на пријавување
Правни лица регистрирани во Република Македонија (невладини организации и фирми регистрирани во РМ).
Постапка за конкурирање
За овој конкурс нема стандарден образец за пријавување. Организациите што ќе аплицираат треба да го достават следново:
- Проектен документ кој треба да ги вклучи следните информации:
- Резиме на проектот
- Краток опис на организацијата (име, адреса, вид, копија од регистрација)
- Лице/а одговорно за водењето на организацијата (директор, одбор заедно со CV-a)
- Лице/а одговорно за раководење со проектот и кус опис на нивната надлежност и искуство (заедно со CV-a)
- Фази на реализација
- Програма на активности (детален распоред)
- Програма на планирани обуки
- Склучен преддоговор со лице/а кои ќе ги спроведуваат обуките заедно со нивно CV
- Склучен преддоговор со лице/а кои ќе работат во дигиталниот клуб (е-точка)
- Односи со јавноста (кој и како)
- Очекувани резултати
- Евалуација (кој и како)
- Детален буџет во денари (сопствен придонес, други извори)
- Писмо/а за подршка или соработка помеѓу организации и институции (со други НВО или локални организации)
- Писмо за поддршка и/или соработка со локалната власт
Општи критериуми за избор
Вреднувањето и изборот на проектите ќе се врши според следните критериуми:
- Соодветност на активностите на проектот со целите на проектот
- Капацитет на персоналот кој ќе го спроведува проектот
- Услови на просториите во кои ќе бидат сместени дигиталните клубови – е-точки (инфраструктура, близина на училишта, библиотеки, невладини организации, обезбеденост на просторијата)
- Големина на целните групи опфатени со проектот
- Предложени активности на дигиталниот клуб
- Постоење согласност од локалната власт за поддршка на реализацијата на проектот.
- Предност при исти услови ќе имаат општините во кои нема јавни точки за интернет пристап.
Дигиталните клубови ќе треба да ги исполнат следните пропишани стандарди за е-точки:
- Соодветно осветлена просториjа
- Чиста просториjа (хигиеничар коj ке jа одржува просториjата минимум два пати неделно)
- Да има корпа за отпадоци
- Локациjата да биде на лесно достапно место
- Соодветно обележување
* да има патоказ (оддалечен минимум 50 метри од просториjата)
* да има истакнато натпис "Дигитален клуб..." (минимум метар на 50 сантиметри)
* да има натписи внатре во самите простори
- Да има истакнато ценовник
- Да има санитарен jазол
- Брзина на интернет пристап минимум 64 kbps
- Минимум четири компjутери поврзани во мрежа
- Еден печатач
- Еден скенер
- Интернет пристап на сите компjутери
- Еден jавно обjавен телефонски броj
- Лиценциран софтвер
- Времето што корисникот го користи за пристап до е-услугите на jавната администрациjа да не се наплатува
- Минимум едно лице присутно во просториите на 10 компjутери
- Вработените да бидат обучени да им помагаат на корисниците во користенье на услугите
НАПОМЕНА:
Дел од активностите што ќе ги нудат дигиталните клубови (е-точки) можат да бидат комерцијални, но не смеат да надминат 30% од вкупните услуги и активности на центарот.
За натамошни информации:
Метаморфозис, тел. (02) 3109 325,
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Лице за контакт: Ана Трповска
Краен датум за пријавување: 5 март 2007, 17: 00 часот
|