Македонски

Национална стратегија за развој на електронските комуникации и информатичките технологии PDF Печати Е-пошта
(11307 hits/посети)
16.02.2007
Национална стратегија за развој  на електронските комуникации и информатички технологии ќе ги дефинира мерките кои се однесуваат на основната инфраструктурна подлога за информатичкото општество, која е неопходна за да се воведат и да се развиваат основните постулати на информатичкото општество (е-владеење, е-образование, е-бизнис, и др.), а крајна цел на оваа стратегија е она кон кое сите се стремиме - подобрувањето на квалитетот на животот во Македонија

Во новата ера, лидери (земји, региони, компании и индивидуи) ќе бидат оние кои благовремено ќе донесат исправни одлуки базирани на длабоко разбирање на комплексните трендови на информатичките и комуникациските технологии. Оние кои тоа нема да го сторат ризикуваат да останат на маргините на светскиот развој.

Ако сака да биде вклучена во глобалната вмрежена економија и да го држи чекорот со развиените земји, Република Македонија мора да се развива во насока на информатичко општество. За да се постигне тоа, мора да постои партнерство помеѓу Владата, граѓанскиот и бизнис-секторот.

Како резултат на таквото партнерство, во 2005 година беше изработена и со широк конзензус прифатена Националната стратегија за развој на информатичкото општество заедно со акцискиот план за нејзино спроведување. Следен чекор кон развојот на информатичкото општество е донесувањето на Национална стратегија за развој  на електронските комуникации и информатички технологии која ќе претставува основен документ кој ќе ја дефинира инфраструктурата на информатичките и комуникациските технологии.

Според Законот за електронски комуникации, Националната стратегија за развој  на електронските комуникации и информатички технологии ја изработува Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. За таа цел е оформена работна група во која членуваат претставници на Министерството за транспорт и врски, единиците на локална самоуправа, бизнис-секторот, граѓанскиот сектор, регулаторните тела и др.

Национална стратегија за развој  на електронските комуникации и информатички технологии ќе ги дефинира мерките кои се однесуваат на основната инфраструктурна подлога за информатичкото општество, која е неопходна за да се воведат и да се развиваат основните постулати на информатичкото општество (е-владеење, е-образование, е-бизнис, и др.), а крајна цел на оваа стратегија е она кон кое сите се стремиме - подобрувањето на квалитетот на животот во Македонија.

Двете стратегии, Националната стратегија за развој на информатичкото општество и Национална стратегија за развој  на електронските комуникации и информатички технологии, ќе бидат основа за изготвување стратегии кои подобро ќе ги дефинираат сите аспекти на информатичкото општество во Македонија.

Работната група, во чијашто работа учествуваат и претставници на Фондацијата Метаморфозис, ќе ја заврши нацрт-верзијата на 28 февруари, а веќе од 1 март текстот ќе биде достапен за пошироката јавност и преку конструктивна јавна расправа треба да се добие квалитетна стратегија којашто Парламентот на Република Македонија на предлог од Владата ќе треба да ја официјализира.

Николче Мицкоски

Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon    Kajmak.ot
 

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5