Македонски

Општина Македонска Каменица мигрираше на Опен Офис PDF Печати Е-пошта
16.02.2007
- Откако дел од вработените во општината Македонска Каменица ја поминаа обуката за канцеларискиот пакет Опен Офис, тие самите побараа на нивните компјутери да биде инсталиран Опен Офис на македонски јазик - изјави Перо Митревски, градоначалник на општина Македонска Каменица Како резултат на обуката за канцеларискиот пакет Опен Офис што ја спроведоа Фондацијата Метаморфозис и Проектот за успешна децентрализација на УСАИД наменета за вработените во единиците на локалната самоуправа во Македонија, општината Македонска Каменица започна со активно користење на Опен Офис на сите компјутери во општината.

- Откако дел од вработените во општината Македонска Каменица ја поминаа обуката за канцеларискиот пакет Опен Офис, тие самите побараа на нивните компјутери да биде инсталиран Опен Офис на македонски јазик. Сега на сите компјутери е инсталиран Опен Офис, вработените веќе ја совладаа програмата и им е полесно за работа бидејќи софтверот е на македонски јазик – изјави Перо Митревски, градоначалник на општина Македонска Каменица.

Општина Македонска Каменица е мала општина во која има 11 персонални компјутери и 1 сервер. Во општината е вработено лице кое се грижи за работата на компјутерите, нивно одржување и инсталација на програми.

Истражувањето кое го спроведе Метаморфозис во мај 2006 година покажа дека слободниот софтвер е добро решение за македонските општини поради нивниот ограничен или непостоечки буџет за набавка на софтверски лиценци.
Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon
 

Наши изданија

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5