Македонски
Граѓаните го оценуваат uslugi.gov.mk PDF Печати Е-пошта
19.02.2007
Како дел од проектот на ФИООМ Проценка на потенцијалот за добро владеење во Македонија, на веб-сајтот uslugi.gov.mk е поставена анкета преку која граѓаните имаат можност да го дадат своето мислење за овој електронски сервис на Владата на РМ. Анкетата е поставена на веб-адресата

Анкетата се состои од 18 општи прашања за веб-сајтот и можност граѓаните да се изјаснат за петте најчесто користени услуги од порталот:
  • издавање патни исправи,
  • издавање лична карта,
  • издавање извод од матичната книга на родените,
  • каде може да се поднесе барање за виза и
  • стипендии за студенти.
Повратните информации од граѓаните ќе бидат употребени како појдовна основа за понатамошен развој и доработка на порталот, особено во насока на обезбедување на владините услуги и по електронски пат.

Покрај анализата на е-услугите, ИКТ компонентата од проектот содржи и подготовка на стандарди за примената на информатичко-комуникациските технологии во рамките на државните органи и служби, утврдување на потребата за обуки на државните службеници и поддршка на секторот за ИТ во Генералниот секретаријат на Владата на РМ со човечки ресурси.

Проектот е финансиран од ФИООМ, а се спроведува во соработка со Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, Фондацијата Метаморфозис и соодветни експерти од одделни владини тела,  како Агенцијата за државни службеници, Секретаријатот за европски прашања и др.

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5