|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Трибина на тема „Зголемување на пенетрација на широкопојасен интернет во Македонија“
|
|
|
|
Трибина на тема „Зголемување на пенетрација на широкопојасен интернет во Македонија“ |
|
|
|
22.02.2007. |
|
Фондацијата Метаморфозис организира трибина на тема „Зголемување на пенетрација на широкопојасен интернет во Македонија“ која ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје на 27 февруари 2007 г. (вторник) со почеток во 11 часот.
Трибината се одржува со цел да ги адресира предизвиците и можностите за зголемување на широкопојасниот пристап на интернет со цел да се подобри квалитетот на текстот за широкопојасниот пристап на интернет во рамките на Националната стратегија за развој на електронски комуникации и информатички технологии којашто се подготвува од страна на работна група во рамките на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.
Погледнете ги заклучоците коишто произлегоа од трибината на следниот линк >>>
(3905 hits/посети) |
|