Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести АЕК стана членка на советодавното тело за електронски комуникации на Европската комисија
АЕК стана членка на советодавното тело за електронски комуникации на Европската комисија
Европската група на регулатори е независно тело кое советува, предлага и се грижи за доследно спроведување на новата регулаторна рамка во областа на електронските комуникации и услуги востановени од Европскиот Парламент и Директивите на Советот. Во групата членуваат сите регулаторни тела од Европската Унија со цел давање насоки, препораки и искуства на Европската комисија од областа на електронските комуникации.
Во рамките на пленетарната седница на Европската група на регулатори, г-ѓа Вивијан Ридинг, комисионер за информатичко општество и медиуми во Европската комисија, имаше свое обраќање пред присутните акцентирајќи ја важноста на меѓусебната соработка помеѓу државните регулаторни тела на земјите учесници на Европската група на регулатори и Европската комисија.
Со зачленувањето на Агенцијата за електронски комуникации како членка набљудувач, се овозможува навремено следење на сите најнови текови како од областа на регулаторната рамка на електронските комуникации така и од процесите на воведување и регулирање на новите технологии од оваа област.