Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Владата ќе додели 125 стипендии за информатичари
Владата ќе додели 125 стипендии за информатичари Испечати Е-пошта
26.02.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Недостигот на едуциран кадар и немањето конкуренција во телекомуникацискиот сектор се истите стари проблеми за кои ИТ секторот при Сојузот на стопански комори му се пожали на министерот за развој на информатичко општество Иво Ивановски. На заедничкиот работен состанок бизнисмените од министерот побараа стратегија за развој на информатичкото општество и либерализација на телекомуникацискиот пазар.

Министерот Ивановски се согласи дека на Македонија и се потребни нови ИТ кадри.
- Секој странски инвеститор кој доаѓа, прво прашува со каков стручен кадар располага земјата. Владата во септември ќе им додели и 125 стипендии на студенти по информатика. По четири години очекуваме 800 до 1 000 нови инженери кои, за да ги задржиме во Македонија, ќе ги вработиме преку стимулирање на приватниот сектор. Нема да чекаме само на странски инвеститори - вели Ивановски.

Т.Ј.
Извор: Вест

(3910 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]