|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Родителски средби секој ден преку интернет
|
|
|
|
Родителски средби секој ден преку интернет |
|
|
|
5.03.2007. |
Родителите на велешките основци и средношколци преку интернет ќе може да го следат успехот на своите деца, да проверуваат дали се редовни на настава и да комуницираат со наставниците.
Ова се предвидува да биде применето во практика со проектот „Воспоставување општински образовен портал“, чија реализација ќе почне наесен во петте основни и четирите средни училишта во Велес.
- Ова е исклучително важен проект ако Македонија сака да гради општество базирано на знаење. Со проектот создаваме заедница на родители, ученици и професори, која ќе комуницира на нов начин и ќе придонесе за поквалитетен процес на учење - изјави Илијанчо Гаговски директор на „Мајкрософт Македонија“ , најголем донатор во проектот вреден четири милиони денари.
Гаговски рече дека проектот го понудил градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, и тие го прифатиле. Можност повеќе за негова реализација било тоа што Велес е во врвот на општините според бројот на компјутери во домашна употреба.
Во проектот се вклучени и Фондацијата „Институт отворено општество – Македонија“ (ФИООМ), кабелската телевизија „Спринт“ и локалната самоуправа.
На овој начин ќе бидат опфатени 5.500 ученици од основното и 3.100 средношколци, како и 530 нивни наставници и професори, кои освен меѓусебна комуникација ќе имаат можност и за далечинско учење, тестирање и создавање библиотеки на знаење.
П.П.
Извор: Дневник
(3779 hits/посети) |
|