Македонски
Проектот Една геологија ќе ја мапира геологијата на планетата PDF Печати Е-пошта
12.03.2007
Геолозите од целиот свет ќе ги здружат сите свои мапи и на тој начин ќе креираат прв вистински глобален ресурс посветен на камењата. Проектот Една геологија ќе го собере на едно место целото знаење за тоа што се наоѓа под нашите нозе и ќе го презентира преку еден заеднички веб-портал

Геолозите од целиот свет ќе ги здружат сите свои мапи и на тој начин ќе креираат прв вистински глобален ресурс посветен на камењата. Проектот Една геологија ќе го собере на едно место целото знаење за тоа што се наоѓа под нашите нозе и ќе го презентира преку еден заеднички веб-портал.

Проектот го раководи Британското истражувачко геолошко друштво (British Geological Survey) и ги повикува научниците од над 55 држави да се вклучат во него. Проектот би требало да понуди мапи за камења во размер 1:1 000 000 кои ќе можат да се пребаруваат.

- Моментално постои проблем со пристапноста - вели Иан Џексон од Британското истражувачко геолошко друштво, раководител на проектот Една геологија. - Знаеме дека податоците постојат, но не секогаш знаеме каде се, а некои од нив сè уште се достапни само на хартија. Наша цел е податоците кои се веќе истражени, моделирани и платени да ги направиме подостапни.

Порталот ќе функционира дистрибуирано, односно националните истражувачки друштва ќе си ги зачуваат своите податоци, но ќе дозволат тие да бидат достапни преку порталот преку компјутерскиот јазик GeoSciML.

Поголемиот дел од содржината, иако не целата, ќе биде достапна за пребарување.

Извор: Бибиси њуз  

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5