|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Проектот Една геологија ќе ја мапира геологијата на планетата
|
|
|
|
Проектот Една геологија ќе ја мапира геологијата на планетата |
|
|
|
12.03.2007. |
|
Геолозите од целиот свет ќе ги здружат сите свои мапи и на тој начин ќе креираат прв вистински глобален ресурс посветен на камењата. Проектот Една геологија ќе го собере на едно место целото знаење за тоа што се наоѓа под нашите нозе и ќе го презентира преку еден заеднички веб-портал.
Проектот го раководи Британското истражувачко геолошко друштво (British Geological Survey) и ги повикува научниците од над 55 држави да се вклучат во него. Проектот би требало да понуди мапи за камења во размер 1:1 000 000 кои ќе можат да се пребаруваат.
- Моментално постои проблем со пристапноста - вели Иан Џексон од Британското истражувачко геолошко друштво, раководител на проектот Една геологија. - Знаеме дека податоците постојат, но не секогаш знаеме каде се, а некои од нив сè уште се достапни само на хартија. Наша цел е податоците кои се веќе истражени, моделирани и платени да ги направиме подостапни.
Порталот ќе функционира дистрибуирано, односно националните истражувачки друштва ќе си ги зачуваат своите податоци, но ќе дозволат тие да бидат достапни преку порталот преку компјутерскиот јазик GeoSciML.
Поголемиот дел од содржината, иако не целата, ќе биде достапна за пребарување.
Извор: Бибиси њуз
(4180 hits/посети) |
|