Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Нов веб-сајт за управување во здравствениот сектор во Македонија
Нов веб-сајт за управување во здравствениот сектор во Македонија
Новиот веб-сајт за управување со здравствениот сектор www.moh-hsmp.gov.mk е изработен во рамките на Проектот за управување на здравствениот сектор. Веб-сајтот треба да им овозможи на странските консултанти во иднина да имаат прегледност кои проекти во здравствениот сектор се започнати, до каде се и кои од нив се реализирани. Според заменик-министерот за здравство, Владимир Лазаревиќ, околу 3,5 милиони долари ќе бидат наменети за компјутеризација и квалитетно мрежно поврзување на сите македонските болници.
Новиот веб-сајт претставува богата архива на нови информации од здравствениот сектор во Македонија, а исто така содржи и корисни документи од оваа област.
Проектот за управување на здравствениот сектор се финансира со кредит во висина од 10 милиони американски долари од Светска банка. Имплементацијата на проектот треба да заврши на 30 јуни 2009 година.