| Јавна дебата за текстот на лиценците Криејтив Комонс на македонски јазик |
|
|
|
| 21.03.2007 |
|
Нацрт-текстот на лиценците на македонски и англиски јазик може да се погледне на веб-страницата посветена на Македонија: Заинтересираните можат да се зачленат на мејлинг-листата посветена на дебатата околу нацрт-текстот на лиценците. Во рамките на јавната дебата ќе биде организирана и трибина со правни експерти и заинтересирани автори околу нацрт-текстот на лиценците. Во текот на 2006 г. Метаморфозис во соработка со македонски правни експерти, организацијата за културни политики Контрапункт и организацијата Криејтив комонс го започна процесот на локализирање на лиценците Криејтив комонс. Текстот на лиценците е адаптиран на спецификите на македонското законодавство и првиот нацрт е одобрен од седиштето на Криејтив комонс. Веќе на почетокот на летото лиценците Криејтив комонс ќе им бидат достапни на македонските автори, прилагодени на спецификите на македонското законодавство и тоа и на македонски и на албански јазик. |