Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Флеш вести arrow Јавна дебата за текстот на лиценците Криејтив Комонс на македонски јазик
Јавна дебата за текстот на лиценците Криејтив Комонс на македонски јазик Испечати Е-пошта
21.03.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
ccМакедонија се вклучува во светското движење за слободна култура преку локализирање на лиценците Криејтив комонс на македонски јазик и нивно усогласување со македонското законодавство. За таа цел, Фондацијата Метаморфозис ги повикува сите заинтересирани чинители да се вклучат во јавната дебата и со своите конструктивни сугестии да придонесат кон подобрување на нацрт-текстот на лиценците.

Нацрт-текстот на лиценците на македонски и англиски јазик може да се погледне на веб-страницата посветена на Македонија:

Прочитај повеќе >>>  

Заинтересираните можат да се зачленат на мејлинг-листата посветена на дебатата околу нацрт-текстот на лиценците. Во рамките на јавната дебата ќе биде организирана и трибина со правни експерти и заинтересирани автори околу нацрт-текстот на лиценците.

Во текот на 2006 г. Метаморфозис во соработка со македонски правни експерти, организацијата за културни политики Контрапункт и организацијата Криејтив комонс го започна процесот на локализирање на лиценците Криејтив комонс. Текстот на лиценците е адаптиран на спецификите на македонското законодавство и првиот нацрт е одобрен од седиштето на Криејтив комонс.

Веќе на почетокот на летото лиценците Криејтив комонс ќе им бидат достапни на македонските автори, прилагодени на спецификите на македонското законодавство и тоа и на македонски и на албански јазик.
(4049 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]