|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Њујорк Универзитет Скопје: Конференција (Г)Локални медиуми во транзиција
|
|
|
|
Њујорк Универзитет Скопје: Конференција (Г)Локални медиуми во транзиција |
|
|
|
15.03.2007. |
Од 8-10 март 2007 година на Њујорк Универзитетот Скопје, беше одржана меѓународната конференција (Г)Локални медими во транзиција – случајот на Југоисточна Европа 1990-2007, посветена на односите помеѓу општеството и медиумите во најширок смисол.
На сесијата посветена на блоговите, која се одржа на 10 март на кампусот на Универзитетот во Сарај зема учество и Филип Стојановски, претставник на Фондацијата Метаморфозис, со трудот „Куса историја на македонската блогосфера“, презентирајќи ја хронологијата на важни настани и собитија од оваа област.
На истата сесија, на која претседаваше проф Елени Сидери, со свои излагања на тема блогови настапија и Дарко Булдиоски и Сеад Џигал, автори на блогот Комуникации, како и Борче Маневски од Oдделот за развој на медиуми на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кој говореше на тема интернет-новинарство.
Организаторите на конференцијата, проф. Холгер Бриел и асс. Јана Ивановска, најавија скорешно објавување на сите трудови по завршувањето на конференцијата.
(4180 hits/посети) |
|