Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Одржана работилницата „Семантички веб“ во Скопје
Одржана работилницата „Семантички веб“ во Скопје Испечати Е-пошта
26.02.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Од 23 до 25 февруари 2007 година во просториите на Метаморфозис а во организација на Контрапункт беше одржана работилницата „Семантички веб“, под водство на Марсел Марс и Томислав Медак од Мултимедијалниот институт од Загреб.

 

Тема на работилницата беше искористување на можностите кои ги нудат новите технологии познати како Веб-два-нула (Web 2.0) за зголемување на учеството на луѓето во осмислување на содржините на интернет.

Беа разгледани системи за означување преку тагови преку примерот на Делишес, читачи на фидови преку примерот на Гугл ридер, како и агрегатори на фидови преку примерот на Јаху пајпс.

На работилницата земаа учество 18 учесници, меѓу кои и неколку активни македонски блогери, автори на блоговите Комуникации, Букарски, Вуна, Би, Mакондо и Развигор, како и претставници на организацијата Слободен софтвер Македонија, чии блогови се вклучени во Македонската Линукс Планета.

(3617 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]