Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Студентите плаќаат за компјутери што не ги користат
Студентите плаќаат за компјутери што не ги користат Испечати Е-пошта
5.04.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Студентите со петка ја оценуваат информатичката опременост на скопските факултети, за која плаќаат при уписот. Недостигот од компјутери на факултетите, од кои само некои се поврзани со Интернет, главно се користат за пребарување, наместо за практична настава по информатика, коментираат студенти од факултетите за општествени науки. И на факултетите по природни науки се жалат дека бројот на компјутерите не ги задоволуваат потребите. Студенти во прва година на Правниот факултет во Скопје тврдат дека предметот информатика засега го слушаат само теоретски, во амфитеатар иако за информатички центар морале да платат по 800 денари. Во матичниот сојуз на факултетот потврдија дека компјутерскиот центар е привремено затворен бидејќи факултетот планира да го реновира, да го опреми со повеќе машини и да вгради современа програма. Во сојузот тврдат дека студентите не плаќаат за центарот и оти тоа е инвестиција од буџетот на факултетот, на кој има 4.000 студенти во сите години.

- Слушаме за иницијативата да има компјутер за секој ученик. А, за нас, студентите? Плативме по 800 денари за компјутерски центар, а за информатика учиме теоретски, со класични предавања. Ако некој од колегите се разбира повеќе во областа, учествува во предавањата и тоа е единствената интеракција. Пракса нема - коментираат студенти во прва година на Правниот факултет.

На Природно-математичкиот факултет (ПМФ) статистички има еден компјутер на осум студенти. На факултетот има вкупно 2.500 студенти, а само 300 компјутери. Студенти на ПМФ велат дека најопремени се кабинетите на Институтот за информатика, каде што во седум кабинети има по дваесетина компјутери. Но, велат дека и тие не ги задоволуваат потребите. Компјутерите на Институтот по биологија шест месеци се надвор од употреба бидејќи биле зафатени со вируси и службите не можеле да ги исчистат.

- На Институтот по информатика има седум училници со по 20 компјутери. Студентите на тој Институт плаќаа по 600 денари за користење и за одржување на компјутерските училници. Но, бројот на компјутерите ни од далеку не ги задоволува нашите потреби. На Институтот по математика има само две училници, од кои во едната има интернет, во другата не - велат студенти на ПМФ.

Студентите на Филозофскиот и на Филолошкиот факултет велат дека често се „тепаат“ за термин во заедничкиот интернет-клуб во кој има само десетина машини. На Факултетот за електротехника и информатичка технологија (ФЕИТ) велат дека има компјутерска лабораторија, но таму студентите се делат во групи за да може сите практично да ја совладаат материјата.

Во Сојузот на студентите при Универзитетот во Скопје тврдат дека Ректоратот е надлежен за компјутеризацијата, особено што секој студент мора да плати за информатичка технологија при запишување година.

- Секој студент мора да плати по 750 денари, во кои се пресметани и пари за информатичка технологија на Универзитетот. Ректоратот досега не дал отчет дали парите се наменски потрошени. Тоа ќе биде првото што ќе го побараме на наредната ректорска седница - велат во ССУКМ.

Во Ректоратот велат дека релативно е прашањето за бројот на компјутерите на факултети со образложение дека е поважно тие да бидат современи, како и компјутерската мрежа. На Универзитетот во Скопје студираат повеќе од 36.000 студенти. Во Ректоратот велат дека се обидуваат да направат увид во бројот на компјутерите што ги има на факултетите, како и на застареноста на компјутерската мрежа.

Љубица Гроздановска

Извор: Дневник

(3814 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]