Македонски
Се бараат кандидати за четврти мобилен оператор во Македонија PDF Печати Е-пошта
10.04.2007
Агенцијата за електронски комуникации на 2.4.2007 година објави повик за компании заинтересирани да добијат фреквенции за услуги во мобилната телефонија Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на 2.4.2007 година објави повик за компании заинтересирани да добијат фреквенции за услуги во мобилната телефонија. Во АЕК ги повикуваат кандидатите за четврти мобилен оператор во Македонија најдоцна до 10 мај писмено да ја известат дали се заинтересирани за користење на преостанатите слободни фреквенции за обезбедување јавни мобилни услуги.

Повикот на АЕК доаѓа по неодамнешната одлука на Владата за испитување на можноста за влез на четврти мобилен оператор на македонскиот телекомуникациски пазар. Во зависност од заинтересираните субјекти АЕК ќе распише тендер за нов мобилен оператор. Владата донесе одлука за влез на четврти мобилен оператор веднаш по доделување на лиценцата за работа на третиот оператор „Мобилком Австрија“, кој треба да почне да работи најдоцна за шест месеци. Негова конкуренција се постојните оператори „Т-мобиле Македонија“ и „Космофон“ .

Извор: Време
 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5