Македонски
Метаморфозис стана членка АПЦ PDF Печати Е-пошта
11.04.2007
Членството во АПЦ ќе овозможи пристап до разни проекти кои се имплементираат во други држави и кои можат да се реплицираат во Македонија, а со тоа ќе придонесе и за градење на отворено и инклузивно информатичко општество во Македонија
logo_apcНи претставува чест и задоволство да ве информираме дека Фондацијата Метаморфозис стана членка на Асоцијацијата за напредни комуникации (АПЦ). Членството во АПЦ ќе овозможи пристап до разни проекти кои се имплементираат во други држави и кои можат да се реплицираат во Македонија, а со тоа ќе придонесе и за градење на отворено и инклузивно информатичко општество во Македонија.

Во партнерство со АПЦ, Фондацијата Метаморфозис ќе спроведува активности поврзани со размена на искуства и знаења, надминување на дигиталниот јаз, инклузијата и човековите права.

Асоцијацијата за напредни комуникации е една од најголемите и најстарите меѓународни мрежи на граѓански организации која се занимава со поддршка на групи и индивидуи кои работат во областите на мирот, човековите права, развој и заштита на човековата околина преку стратешко користење на информатички и комуникациски технологии, вклучувајќи го и интернетот.
 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5