Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Нов нацрт на Рамковната одлука за заштита на податоци
Нов нацрт на Рамковната одлука за заштита на податоци
Европската комисија доби комплетно нов нацрт на Рамковната одлука за заштита на податоци во соработката меѓу полицијата и судството. Предлогот го поднесе Германија како претседател на Советот на ЕУ и се однесува на заштитата на податоците во секторот за безбедност.
Нацртот којшто го објави Стејтвоч (Statewatch) вклучува основање на највисоко регулаторно тело за сите системи со бази на податоци за криминални постапки, координирано од Советот на ЕУ и се предлага со цел да се обезбеди законско споделување на податоци меѓу кривичните обвинители.
Сепак, во предлогот Германија вклучила и клаузула со која ќе се воведе споделување на полициски податоци со земјите кои не се членки на ЕУ дури и ако се усвои рамковната резолуција. Понатаму, во предлогот стои дека сите власти „кои специфично се занимаваат со прашања од национална безбедност“ се изземени од резолуцијата.
Иако предлогот им гарантира на граѓаните пристап до податоците кои безбедносните власти ги имаат за нив, сепак не дозволува пристап до информации во случај кога таквиот пристап ја попречува работата на истражните органи или се нарушуваат безбедносните барања или може да влијае врз домашниот мир и безбедноста или природните интереси.