Македонски
Нов нацрт на Рамковната одлука за заштита на податоци PDF Печати Е-пошта
13.04.2007
Европската комисија доби комплетно нов нацрт на Рамковната одлука за заштита на податоци во соработката меѓу полицијата и судството. Предлогот го поднесе Германија како претседател на Советот на ЕУ и се однесува на заштитата на податоците во секторот за безбедност Европската комисија доби комплетно нов нацрт на Рамковната одлука за заштита на податоци во соработката меѓу полицијата и судството. Предлогот го поднесе Германија како претседател на Советот на ЕУ и се однесува на заштитата на податоците во секторот за безбедност.

Нацртот којшто го објави Стејтвоч (Statewatch) вклучува основање на највисоко регулаторно тело за сите системи со бази на податоци за криминални постапки, координирано од Советот на ЕУ и се предлага со цел да се обезбеди законско споделување на податоци меѓу кривичните обвинители.

Сепак, во предлогот Германија вклучила и клаузула со која ќе се воведе споделување на полициски податоци со земјите кои не се членки на ЕУ дури и ако се усвои рамковната резолуција. Понатаму, во предлогот стои дека сите власти „кои специфично се занимаваат со прашања од национална безбедност“ се изземени од резолуцијата.

Иако предлогот им гарантира на граѓаните пристап до податоците кои безбедносните власти ги имаат за нив, сепак не дозволува пристап до информации во случај кога таквиот пристап ја попречува работата на истражните органи или се нарушуваат безбедносните барања или може да влијае врз домашниот мир и безбедноста или природните интереси.
 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5