|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Оглас за слободно работно место
|
|
|
|
Оглас за слободно работно место |
|
|
|
6.05.2004. |
|
Хонорарен соработник за администрирање на содржини на веб-сајтови на ограничено време
Оглас за слободно работно место
Хонорарен соработник за администрирање на содржини на веб-сајтови на ограничено време.
Опис на работното место: - прибирање на информации од разни извори на дадена тема - обработка и обликување на вести - освежување на содржини на веб-сајтови - превод
Кандидатите не мора да бидат компјутерски експерти. Метаморфозис ќе обезбеди соодветна обука за користење на конкретните компјутерски алатки.
Потребни вештини: - одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик - способност за новинарско пишување - основни познавања на компјутери и Интернет - способност за учење и работа во тим - комуникативност
Предност имаат лица: - со новинарско искуство - коишто владеат повеќе јазици - кои поседуваат важечка возачка дозвола
Потребни документи: - писмо-пријава - биографија (CV) - доказ за завршено образование
Право за учество на конкурсот имаат сите полнолентни лица со завршено средно образование.
Учесниците треба да ја достават потребната документација до 16 часот на 14 мај 2004 г. (петок) во просториите на Метаморфозис на улица Наум Наумовски Борче 88-а, 1000 Скопје, со назнака „За конкурс“.
(2639 hits/посети) |
|