Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Одржан првиот состанок на жирито за Наградата на Светскиот самит - Македонија
Одржан првиот состанок на жирито за Наградата на Светскиот самит - Македонија Испечати Е-пошта
30.04.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На 23 април 2007 година во Детскиот театарски центар во Старата чаршија во Скопје се одржа првиот состанок на жирито за Наградата на Светскиот самит за информатичко општество за Македонија.

Целта на состанокот беше почеток на заедничката работа преку договарање детална агенда и утврдување транспарентни процедури за решавање на конкретни прашања во текот на оценувањето.

Мултидисциплинарното жирито е составено од четиресетина стручни лица кои доаѓаат од образовниот, приватниот, државниот и граѓанскиот сектор и се занимаваат со развој на е-содржини и изградба на информатичко општество. Членовите на жирито се групираа во комисии за секоја од осумте категории на НСС.

На состанокот беше утврден следниот распоред за наредните активности
  • 11 мај за одржување на јавната трибина на тема „Промоција на Македонија во светот преку е-содржини“ (Културен центар „Точка“ во 11 часот)
  • 31 мај како краен рок за пријавување на проекти-кандидати
  • 05 јуни за одржување на оценувањето на пристигнатите решенија

Повеќе информации за Наградата на Светскиот самит може да најдете на официјалниот веб-сајт www.wsa.org.mk.
(4144 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]