Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Европската комисија сака подобар јавен пристап до документите од институциите на ЕУ
Европската комисија сака подобар јавен пристап до документите од институциите на ЕУ Испечати Е-пошта
30.04.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Европската комисија иницира јавни консултации за Регулативата за отворен пристап до документите на Европскиот парламент, Советот и Комисијата (Регулатива 1049/2001). Овие консултации се чекор напред кон отвореноста предвидена со Иницијативата за европска транспарентност објавена од Комисијата во ноември 2005 година.

Во Зелениот документ усвоен на 18 април 2007 година, Комисијата ги разгледува тековните правила за отворен пристап до документите и наведува некои опции за подобрување ан системот со цел да им се понуди на граѓаните подобар и полесен пристап до документите на овие три институции и агенциите на ЕУ.

Зелениот документ се состои од два основни дела. Првиот дел содржи анализа на спроведувањето на Регулативата и преглед на релевантното искуствено право на европските судови. Во вториот дел Комисијата дава предлози за подобрување на тековниот систем. Главните отворени прашања за консултациите се:
  • Дали треба да се даде поголем акцент на промоција на активна распределба на информации?
  • Правилата за јавен пристап до документите можат да видат во согласност со правилата за пристап до информации за животна средина на што институциите се обврзани според меѓународна конвенција (Конвенцијата од Архус за пристап до информации, јавно учество во донесување одлуки и пристап до право во прашања поврзани со животна средина). Дали еден единствен сет правила за пристап до документи, вклучувајќи и информации за животна средина, ќе биде појасен за граѓаните?
  • Како да се обезбеди соодветна рамнотежа меѓу транспарентноста и заштитата на лични податоци, економски и комерцијални интереси и на принципот на добра администрација.
Извор: Европска комисија

(3495 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]