Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Расчистување на авторските права за европскиот проект за дигитални библиотеки
Расчистување на авторските права за европскиот проект за дигитални библиотеки Испечати Е-пошта
4.05.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот


На 18.4.2007 година беше усвоен модел за уредување на авторските права за дигитализирани дела од страна на висока експертска група за дигитални библиотеки во која членуваат и главните чинители како што се Федерацијата на европските издавачи, Британската библиотека, Германската национална библиотека и Гугл.

Високата експертска група, основана во 2006 година од Вивиен Рединг, комесар за информатичко општество и медиуми, ја советува Европската комисија за прашања поврзани со дигитализација, онлајн пристапност и дигитално зачувување на културни материјали. Оваа акција е дел од иницијативата Европска дигитална библиотека усвоена од Европската комисија во јуни 2005 и има за цел да го зачува европското културно и научно наследство правејќи ги достапни онлајн во рамките на затворени мрежи.

Во февруари 2007 година Европската комисија усвои документ за „Научните информации во дигиталната ера: пристап, распространетост и заштита“ за да ги истражи и поддржи новите начини за промоција на подобар пристап до научни информации онлајн и да ги зачува резултатите од истражувањата во дигитална форма за идните генерации.

- Заштитата на интелектуалната сопственост е важна за стимулирање на креативноста и иновацијата во економија базирана на знаење. Затоа, решавањето на прашањата поврзани со авторските права во онлајн средина е клучно ако сакаме оваа визија за Европска дигитална библиотека да стане реалност – изјави Рединг.

Моделот којшто го препорачува групата опфаќа досегашни дела-сирачиња (дела за кои никој не ги поседува авторските права) и дела кои се излезени од печат (повеќе не се продаваат), но остава место за понатамошно проширување на листата со комерцијални публикации.

Во однос на делата-сирачиња, групата предлага решенија кои не се обврзувачки со закон како на пример бази на податоци посветени на информации за дела-сирачиња, внесување подобри податоци за носителите на правата во дигиталниот материјал, и добивање подобри договори меѓу чинителите. Исто така, групата разгледа неколку законски предлози со кои се определува кога барањето за сопственик на дело-сираче е соодветна.

За дела кои се излезени од печат, групата предлага решение во четири фази базирано врз предлог-лиценца (презентирана како додаток на извештајот), креирање база на податоци за такви дела, заеднички центар за одобрување и процедура за јасни права.

Според ова решение, носителите на права можат да ги лиценцираат своите дела на библиотека којашто понатаму ги дигитализира и ги прави достапни за други корисници како што се музеи, универзитети, други библиотеки или домашни компјутери. Лиценцираната библиотека ќе биде одговорна за собирање пари од корисниците и исплаќање на носителите на правата.

Точното ниво на плаќање не е предмет на договорот, но според некои извори најверојатно цената ќе биде 1 евро за секое користење на делото. Сепак, цената ќе зависи од преговорите за секоја лиценца посебно.

Извештај за дигитално зачувување, дела-сирачиња и дела кои се излезени од печат, избрани прашања за имплементација (18.04.2007) 

Договор за авторски права го поплочува патот за Европска дигитална библиотека (19.04.2007)

Група за авторски права на ЕУ бара решенија за пречките за дигитализација (20.04.2007)

Експертите за Европска дигитална библиотека  ќе се фокусираат на авторските права (18.04.2007)   

и2010: Иницијатива за дигитални библиотеки – Културното и научното наследство на Европа на едно кликнување со глувчето 


(4335 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]