|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Европската дигитална револуција добива на темпо, покажува новото истражување на ЕУ
|
|
|
|
Европската дигитална револуција добива на темпо, покажува новото истражување на ЕУ |
|
|
|
7.05.2007. |
|
Околу 20% од европските домаќинства купуваат телефонски пакети со повеќе опции, покажува новото истражување спроведено на територијата на ЕУ на репрезентативен примерок од 27.000 домаќинства. Скоро 30% од европските домаќинства имаат широкопојасен интернет, а зголемено е користењето на мобилни телефони додека фиксните ја губат популарноста. 17% од европејците кои имаат интернет во своите домови го користат за интернет-телефонија.
- Европската дигитална економија бележи цврст раст и се повеќе домаќинства ја прифаќаат конвергенцијата меѓу услугите во фиксната и мобилната телефонија и интернетот – изјави комесарот за информатичко општество и медиуми, Вивиен Рединг. – Предизвик за годинешната реформи на правилата на пазарот на телекоми на ЕУ ќе биде да одговори на оваа технолошка околина која рапидно се менува истовремено унапредувајќи ефикасна конкуренција – додаде Рединг.
Клучните резултатите од истражувањето спроведено во ЕУ кои ги објави Европската комисија се:
- Околу 20% од европејците купуваат два или повеќе телеком-производи од ист добавувач, а најчеста комбинација е фиксна телефонија и интернет пристап.
- Сè повеќе корисници се префрлуваат од фиксна на мобилна телефонија: иако процентот на домаќинства со барем еден мобилен телефон останува стабилен и изнесува 81%, уделот на домаќинства „само со мобилен телефон“ во ЕУ е во пораст (22%, пораст за 4%) додека уделот на домаќинства со барем еден фиксен телефон се намалува (72%, намалување за 5%).
- Широкопојсниот пристап рапидно добива на популарност во ЕУ (28%, пораст за 6%) додека теснопојасниот се намалува (12%, намалување за 3%). Повеќето домаќинства имаат АДСЛ интернет-пристап (53%, пораст за 4%), а 34% од широкопојасниот итненрет пристап отпаѓа на безжичниот интернет.
17% од европејците кои имаат интернет-пристап од своите домови изјавиле дека го користат за телефонски разговори.
- Размерот е двапати поголем во новите земји-членки.
- Додека сè повеќе домаќинства се поврзуваат на интернет (42%, пораст за 4%), причината зошто другите не се поврзуваат не е поврзана со финансиите, односно 45% изјавиле дека едноставно не се заинтересирани.
- 28% од европејците имале големи проблеми со спем, вируси и штетни програми, нагласувајќи ја потребата ЕУ и земјите-членки да бидат проактивни во справувањето со нелегалните активности (погледнете IP/06/1629). Генерално гледано, повеќето имаат инсталирано антивирус (81%) и софтвер против спем (60%).
- 40% од домаќинствата (пораст за 5%) знаат дека европскиот број за итни случаи 112 им овозможува да добијат итни услуги, но многу земји-членки треба да ја подобрат практичната примена на бројот 112 (погледнете IP/07/392).
- 63% од европејците гледаат слободна телевизија и не се претплаќаат на телевизија со претплата. Помалку домаќинства се претплаќаат на телевизија во земји каде што ТВ сигнал се добиваа воздушно или преку сателит, во споредба со земјите во кои доминираат кабелскиот сигнал.
Резултатите од истражувањето ќе послужат за тековната јавна дебата за реформа на Правилата за телекомите во ЕУ планирана за ова лето (погледнете IP/06/874).
Целосниот текст на истражувањето можете да го погледнете на следниот линк.
Извор: Европска комисија
(3492 hits/посети) |
|