|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Најава за трибина: „Промоција на Македонија во светот преку е-содржини“
|
|
|
|
Најава за трибина: „Промоција на Македонија во светот преку е-содржини“ |
|
|
|
8.05.2007. |
„Промоција на Македонија во светот преку е-содржини“ е тема на трибината која ќе се одржи на 11 мај (петок) 2007 година во 11 часот во културниот центар Точка, со цел споделување информации за минати искуства и идни можности во оваа област, особено во рамките на натпреварот за Наградата на Светскиот самит за информатичко општество за Македонија, наменет за промовирање на најдобрите македонски дигитални содржини во светот.
На трибината ќе бидат изложени искуства од познати проекти со е-содржини наменети за странскиот пазар, како преку интернет така и преку ЦД-РОМ. Преку Наградата на Светскиот самит, издавачите на е-содржини од Македонија имаат единствена можност да ги промовираат своите производи и проекти на светскиот пазар, во рамките на глобалните напори за изградба на информатичко општество. Наградата се доделува во осум категории:
- e-владеење
- е-здравство
- е-учење
- е-забава
- е-култура
- е-наука
- е-бизнис
- е-вклучување
а изборот го врши стручно интердисциплинарно жири. Краен рок за пријавување на кандидати за наградата е 31 мај 2007 г.
(3259 hits/посети) |
|